НАЈЧИТАНО ВО 2018… „Комити“ грмеа – Управа п….и, сите да си одите! (ВИДЕО)

НАЈЧИТАНО ВО 2018…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2018 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

На жесток револт од најверните навивачи „Комитите“ наиде срамното издание на Вардар на реванш дуелот од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа и елиминацијата од аутсајдерот Пјуник.

Вардар, и покрај тоа што беше фаворит, загуби пред своите навивачи со 0-2, со два гола на гостите во самиот финиш. На секој погодок на гостите „Комитите“ се огласија со жестоки скандирања против раководството на клубот:

„Управа надвор… Оди си Панчев“ – продолжија „Комитите“ се до крајот на мечот.

На крајот и фудбалерите на теренот беа испратени со жестоки свирежи од сите присутни околу 5.000 навивачи на „Филип Втори“.

Вардар, од учесник во групната фаза на Лигата на Европа минатата сезона, сега го допира дното! И тоа, како продолжение на очајната измината сезона и во домашната лига!

Се вчитува...