Изминативе 24 часа по веста за смртта на една од најголемите фудбалски легенди, Диего Армандо Марадона, бројни приказни од неговиот живот го обиколија светот.
Иако неговиот живот беше одбележан од контроверзии, сепак приказната дека играше во блато само за да спаси живот на болно момче покажува, она што многумина го знаеја, колку беше добар човек.
Додека беше член на Наполи, дозна дека на момче од околината на Неапол му се повеќе од неопходни средства за лекување. Веднаш одлучи да организира хуманитарен натпревар во кој ќе игра Наполи со локалниот клуб од местото на момчето. Сепак, не оделе се според планираното. Наполи не дозволил натпреварот да се игра на „Сан Паоло“, па Диего, повеќе од лут на моќниците кои немале разбирање, ги собрал соиграчите од клубот и договорил натпреварот да се игра на сред блато. Ама, ќе се игра! И, играл во блато по тешки услови само за да го спаси животот на момчето.
А, онаков каков што го дал Господ, Марадона максимално сериозно пристапил на натпреварот. Како и секогаш. Играчите на Наполи, на крајот, го победиле локалниот клуб Ачерана со 4-0, а Аргентинецот постигна два гола.
За операција биле неопходни тогашни 20 милиони лири. Сам Марадона со организацијата на тој натпревар собрал 15 милиони лири, а многу брзо со донации се собрале уште пет милиони лири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА