Најчудниот меч во светот на тенисот: Надал играше против 97-годишен старец

Интересен тениски дуел приреди 97-годишниот Украинец Леонид Стниславки, кој го предизвика на меч Рафаел Надал, а Шпанецот поканата со задоволство ја прифати.

Дуелот се одвиваше во прекрасна размена на удари, каде овој неверојатен 97-годишен господин покажа завидна форма и знаење, но тоа е така и затоа што и самиот бил поранешен тенисер за време на Советскиот Сојуз.

Надал по мечот истакна дека ова му бил еден од омилените тренинзи во кариерата и дека Леонид имал неколку одлични удари, но и поени.

Споменатиот Украинец неодамна се појави на насловните страници на бројни медиуми бидејќи два часа играше тенис, иако веќе наполни десетта деценија од животот.

 

 

 

 

Се вчитува...