Барселона почна супериорно на стартот од новата сезона, но во последните три кола од Примера дивизион каталонскиот гигант освои само два бода. Управата станува загрижена, почнува да се тресе и „столчето“ на Ернесто Валверде, а неколку досетливи навивачи најдоа лек за големата криза – се што треба да се случи е само Лионел Меси пак да го промени ииот и да пушти брада.
Имено, фановите потсетија дека Аргентинецот речиси две години се немаше избричено, период во кој Барса доминираше во „Ла Лига“. Тој реши да го промени имиџот непосредно пред дуелот со Гранада, на кој иако постигна гол неговиот тим одигра само 2-2 на „Камп ноу“, потоа следеше очајно издание на Меси против Леганес, за Аргентинецот да се најде на клупата за резерви на вчерашниот дуел со Атлетик Билбао.
Едн е јасно, Барса мора час поскоро да се врати во победнички ритам, па нема да е чудно и во соблекувалната да се појави петиција меѓу соиграчите за Меси пак да пушти брада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА