Најденов, поради неисплатени плати, си замина од Естеглал

Поранешниот македонски репрезентативец, Бојан Најденов си замина од иранскиот прволигаш Естеглал поради неисплатени плати.

“Заминав од Естеглал затоа што клубот, од шест месеци колку што сум во Иран, не ми исплати четири плати. Веќе поднесов и тужба до ФИФА и сигурно очекувам одлука во моја корист” – ни изјави Најденов.

Фудбалерот од средниот ред сега ги очекува документите, по одлуката од ФИФА, за реализација на нов трансфер.

Се вчитува...