Најденов потпиша една година со албанскиот Лачи

Повремениот македонски репрезентативец Бојан Најденов својата кариера ќе ја продолжи во албанскиот суперлигаш Лачи.

26-годишниот Најденов, по завршувањето на соработката со иранскиот Естеглал, се одлучи следната сезона да ја мине во ФК Лачи потпишувајќи едногодишен договор.

„Имав неколку понуди од клубови од странство, но се одлучив да ја прифатам онаа од Лачи кои беа најконкретни и со најдобри услови. Брзо се договоривме потпишувајќи едногодишен договор“ – ни изјави Најденов.

Фудбалерот од средниот ред го напушти Естеглал поради неисплатени плати, па преку тужба во ФИФА сега ја очекува неопходната документација за настап. Претходно во кариерата има настапи и за Хоризонт Турново, Работнички, но и египетска Смуха.

Се вчитува...