Најденов потпиша со црногорската Искра

Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Најденов својата кариера ја продолжува во црногорскиот прволигаш Искра од Даниловград.

Последен клуб на Најденов беше узбекистанскиот Навбахор, за да сега со посредство на својот менаџер Горан Попов до крајот на сезоната продолжува во еден од најдобрите црногорски клубови.

30-годишниот Најденов претходно во кариерата настапуваше и за Вардар, Академија Пандев, Кожуф, Хоризонт Турново и Работнички во македонскиот шампионат, како и за албанскиот Лачи, Смоуха во Египет и иранскиот Естеглал.

 

Се вчитува...