Борусија Дортмунд со импресивна победа од 4-0 над Шалке ја продолжи трката по титулата, но чудно беше чувството за „милионерите“, кои се навикнати победите да ги слават со своите верни фанови.
Поздравот кон „жолтиот ѕид“ е традиција што беше запазена и по денешниот триумф, но на Халанд и соиграчите дефинитивно им беше чудно да отпоздравуваат на празна трибина.
Едно е сигурно, за фудбал онаков каков што го знаеме – со полни трибини, ќе чекаме со месеци… а во меѓувреме, ова ќе биде новата спортска реалност, во фудбалот, кошарката, ракометот… додека навивачите не добијат зелено светло за враќање во арените.
A Yellow Wall não está lá mas o agradecimento não falha ?? #BundesligaEleven pic.twitter.com/FXNkz9lAWp
— Eleven Sports Portugal (@ElevenSports_PT) May 16, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА