Најдобар кога е најважно: Лазаров го спаси Нант од пораз во Данска

Кире Лазаров ја потврди светската класа и во последната сезона од фантастичната кариера, откако македонскиот „бомбардер“ беше во главна улога на вечерашното реми од Лигата на Европа меѓу ГОГ и Нант, што заврши со резултат 29-29.

Францускиот тим се наоѓаше на работ на пораз во Данска кога домаќините преку Питлик поведоа со 29-28, но тренерот Ентрериос побара тајмаут на триесетина секунди до крајот. Нант тргна со „седум на шест“ во последниот напад, а Лазаров одлично се снајде и како среден бек испрати проектил во долниот агол од голот на ГОГ, постигнувајќи гол за голем бод за Нант.

Македонскиот капитен го заврши мечот со пет постигнати погодоци, еден помалку од најдобриот стрелец Брие.

Се вчитува...