Најдобар ранкинг во кариерата на Калин Ивановски

Калин Ивановски продолжува да се искачува на АТП-листата, откако добриот настап на челинџер-турнирот во Братислава му донесе нови 15 АТП-поени на најдорбиот македонски тенисер.

Трите победи во Братислава (две во квалификациите и една на главниот турнир), донесоа скок од големи 26 позиции на најновата АТП-листа, па Ивановски моментно е 305. рангиран тенисер во светот, што е најдобар ранкинг во кариерата на Калин. Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург. Попладнево во првото коло игра против холандскиот тенисер Јеле Селс (449.место, 28.години).

И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072.то место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485.то место со скок од осум места, а остана со три поени.

На новата ВТА листа македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска немаат промена во бројот на поени Ѓорческа има 399 поени, а Стоилковска – 8. Лина се наоѓа на 186.то место без промени, додека Стоилковска има пад од едно место и се наоѓа на 1234. позиција.

Се вчитува...