Прва лига во Македонија и се е можно…Па, дури и кученце на терен, среде натпревар. Едно домашно милениче, којзнае како, залута на теренот додека се играше натпреварот меѓу Скопје и Работнички, па средбата за кусо беше прекината. Следуваше акција за спасување на кучето и негово префрлување преку оградата, да се врати на трибините.
Судијата Игор Ширилов го погали, а фудбалерот на Работнички, Момчило Рашо, го префрли на трибините. Акцијата беше успешна, и верувајте, најинтересна на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА