Најдобрата одбојка се игра на Балканот – Србија ќе ја предизвика Словенија во финалето на ЕП

Србија се пласираше во финалето на Европското првенство во одбојка, откако во полуфиналето во трилер меч ја совлада домашната репрезентација на Франција со 3-2 по сетови (25-23, 23-25, 21-25, 25-17 и 7-15).

Французите го добија првиот сет со 25-23. Со иста мера возвратија Србите во вториот сет по кој израмнија на 1-1. Одличната игра на Србите продолжи и во третиот сет кој го добија со 25-21 и поведoа со 2-1 во мечот. Домаќините на шампионатот го одиграа четвртиот сет без грешка освојувајќи го со … и носејќи го мечот во одлучувачкиот тај-брејк. Во тај-брејкот играше само една репрезентација. Французите не можеа да најдат лек за сервисот на Србите кои го добија одлучувачкиот сет со 7-15.

Во големото финале Србија ќе игра со Словенија која во првото полуфинале вчера го совлада актуелниот светски шампион Полска со 3-1.

Се вчитува...