Најдобрата светска тенисерка и шампионка од Вимблдон сензационално испадна во првото коло на ЛОИ

Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти испадна сензационално уште во првото коло на Олимписките игри во Токио.

Барти загуби од шпанската тенисерка Сара Тормо со 4-6, 3-6, во меч кој траеше 95 минути.

Шампионката од Вимблдон одигра разочарувачки меч, дозволувајќи заслужена победа на Шпанката на која следна противничка ќе и биде Французинката Фиона Феро.

Се вчитува...