Најдобри стрелци во историјата на ЛШ – Кире Лазаров пред сите останати…

Се е подготвено за фајналфор турнирот во Келн што ќе стартува во 18 часот со дуелот меѓу Барселона и ПСЖ, а почетокот на борбите за тронот на Европа е добар повод и за статистичка анализа околу рекордите во елитното европско натпреварување.

Кога станува збор за најдобрите стрелци во историјата на ЛШ, тука неприкосновен е Кире Лазаров. Официјалните бројки од 1993 година велат дека македонскиот капитен има одиграно 220 средби во ова натпреварување, притоа постигнувајќи вкупно 1328 гола. Далеку зад Лазаров, кој и годинава е дел од ЛШ со тимот на Нант, се наоѓа Никола Карабатиќ со 1085 погодоци. Трет на оваа ранг-листа е Момир Илиќ со 969, пред Тимур Дибиров со 909 погодоци.

Од ракометарите кои ќе настапат на овој фајналфор турнир најдобро рангиран е Микел Хансен, кој е петти на оваа вечна листа со 868 гола во Лигата на Шампионите. Меѓу најдобрите десет стрелци во историјата на ЛШ има место за уште еден „вардарец“, Србинот Марко Вујин, но и за членот на Металург, Златко Хорват, кој се наоѓа на деветтото место со 729 гола во дресот на Загреб во елитното европско ракометно натпреварување.

Се вчитува...