Најдобри во кошарката: Димитријевиќ против близнаците Стојановски

Раководството на КФСМ денеска ги објави кандидатите за индивидуалните награди за 2019 година, што ќе бидат доделени на традиционалната церемонија што би требало да се одржи до крајот на годинава. Анкетата е отворена на официјалната веб-страница на КФСМ, при што се гласа во вообичаените категории.

За главната награда за најдобар кошаркар кандидати се браќата Војдан и Дамјан Стојановски, како и Ненад Димитријевиќ, кој прикажува одлични игри во дресот на Хувентуд.

За најдобар тим конкурираат МЗТ Скопје, Работнички и Гостивар во машка, како и Вардар, Бадел и Струга во женска конкуренција.

Во категоријата за најдобар тренер во машка конкуренција конкуренти се Ѓорѓи Кочов, Марин Докузовски и Марјан Србиновски, а во категорија најдобар тренер во странство во игра за наградата се Емил Рајковиќ, Александар Тодоров и Тане Спасев.

Се вчитува...