Најдобриот играч на Данците потпиша за Виртус Болоња

Данскиот репрезентативец Ифе Линдберг е ново засилување на Виртус Болоња, потврди италијанскиот клуб. Бекот во евролигашот доаѓа од редовите на Феникс Санс каде помина дел од претходната сезона, а со себе носи големо искуство од настапите за Манреса, Тенерифе и ЦСКА Москва.

Засега останува непознато дали 27-годишникот ќе настапи за данската репрезентација против Македонија во претквалификациите за Европското првенство 2025 на натпреварот кој ќе биде одигран во месец август, но јасно е дека тој претставува најопасното оружје на скандинавскиот противник.

Како потсетување, токму Линдберг беше најзаслужниот за сензационалните победи на Данска над Литванија и Чешка во квалификациите за Евробаскетот 2022, натпревари на кои постигна 28, односно 38 поени.

Се вчитува...