Најдобриот играч на Грците се враќа против Македонија

Грција приреди сензација со победата над Македонија на дуелот со Кожани, а најдобар поединец во грчкиот состав на тој натпревар беше Харис Малиос. Капитенот на јужниот сосед постигна девет погодоци во Кожани и беше вистински кошмар за нашите голмани, тој подолго време беше повреден и не настапи ниту на последниот дуел со Исланд, но Малиос успеа да се рехабилитира во последните денови и се најде на списокот на патници на грчкиот селектор за гостувањето во Струмица.

За разлика од него, Цилис не успеа да ги надмине проблемите со повредата, па овој ракометар ќе го пропушти дуелот со Македонија. Покрај на Малиос, селекторот Брестовац ќе мора добро да внимава и на Циас, кој со девет гола беше најзаслужен за последното реми против Исланд.

Мечот меѓу Македонија и Грција се игра в недела со почеток во 18 часот во салата „Парк“ во Струмица.

Се вчитува...