Најдобриот играч на Косово закачи коронавирус – Ќе игра ли Ведат Муричи во Скопје?

Новиот напаѓач на Лацио, косовскиот репрезентативец Ведат Муричи, е позитивен на Covid-19, информираат од Фудбалската федерација на Косово. Тој во наредните 14 дена ќе остане во изолација во Истанбул, а потоа повторно ќе биде тестиран на коронавирусот. Ова може да биде голем удар за противникот на Македонија во плејофот за пласман на Европското првенство. Мечот е закажан за 8.октомври на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Дополнително, ситуацијата на Муричи и за косово ја компликува и тоа што Лацио информираше дека фудбалериот има и истегнување на бутниот мускул.

Ведат Муричи пред неколку дена стави потпис на договор со италијанскиот калчолигаш Лацио, а потоа се врати во Истанбул за да ги среди формалностите и да се раздели со досегашниот клуб Фенербахче. Сега ќе мора принудно да остане во карантин во Истанбул одреден период.

Се вчитува...