Најдобриот играч на Лајпциг го продолжува договорот

Иако беше посакуван од неколку големи клубови, францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку се согласил на продолжување на договорот со Лајпциг до 2026 година. Нкунку експлодираше минатата сезона со одлични партии во Бундеслигата и во Европа, па го привлече вниманието на гигантите.

Нкунку ќе потпише договор со подобра плата, а она што ги интересира големите е тоа што ќе има откупна клаузула од 60 милиони евра.

Французинот во 2019 година од ПСЖ пристигна во Лајпциг за 13 милиони евра, а сега неговата цена е зголемена за четири пати. Минатата сезона во 30 натпревари во Бундеслигата, постигна 22 гола и 14 асистенции.

Се вчитува...