Најдобриот ракометар го напушта Пелистер!

Високите амбиции на Пелистер се здобија со сериозен удар откако битолскиот клуб остана без помошта на својот најдобар ракометар од ланската сезона, голманот Никола Митревски.

Искусниот 34-годишен чувар на мрежата им донесе неколку победи на битолските „фармацевти“ минатата сезона и се очекуваше дека тој сигурно ќе остане во клубот како лидер за новиот шампион, во кој Пелистер најавува атак на трофеи. Сепак, тоа нема да се случи, откако Митревски добил неколку oдлични понуди од странство од кои во најскоро време ќе ја избере најдобрата за својата кариера.

Битолскиот голман ќе се реши за нов интернационалец предизвик, а неговата следна дестинација ќе биде обелоденета во текот на овој месец. Од таборот на „пелистерци“ веќе си замина и „бомбардерот“ Јотиќ, како и најдобриот стрелец Остроушко, така што битолчани нема да имаат нималку лесна задача за „ремонт“ на тимот со кој би се обиделе да стигнат до титулата на домашната сцена.

Се вчитува...