Најдобриот сервер во тенисот оди во пензија

Американскиот тенисер Џон Изнер објави дека претстојниот настап на УС Опен ќе биде последен за 38-годишниот ветеран, кој потоа ќе замине во пензија.

Тој ќе остане запаметен по извонредниот сервис што го красеше низ целата кариера, вкупно има забележано 14.411 ас-сервиси, со што е апсолутен рекордер во светот на тенисот. Изнер во кариерата освои 16 титули на АТП-турнирите, една од нив на Мастерс-турнирите. Ќе остане запаметен по маратонскиот дуел со Никола Махут на Вимблдон во 2010 година, во најдолгиот меч што во тениската историја што се играше три дена, а Изнер го доби решавачкиот сет со неверојатни 70-68 во гејмови.

„По повеќе од 17 години на АТП турнирите дојде време да се збогуваме од професионалниот тенис. УС Опен ќе биде мојот последен турнир. Промената нема да биде лесна, но се радувам на секоја секунда што ќе ја делам со своето прекрасно семејство“, изјави Иснер, кој има четири деца со сопругата Меди.

Се вчитува...