Најдобриот стрелец на ПМФЛ го продолжи договорот со Воска

Воска Спорт го продолжи договорот со својот најдобар стрелец, и воедно најдобар голгетер во моментов во ПМФЛ, Алекса Марушиќ.

Денеска Марушиќ потпиша нов договор со кој Црногорецот продожува да биде дел од тимот и во иднина, притоа не прецизирајќи до кога е договорот.

Марушиќ се приклучи на клубот во летниот преоден рок, и досега има постигнато 13 голови на 25 натпревари. Воска Спорт е во полуфиналето на Купот, со големи шанси да игра и во финалето. Во ПМФЛ Воска се бори за својот опстанок.

Доколку се случи да испадне, тогаш договорот со Марушиќ нема да важи, со оглед на фактот дека не е дозволено странци да настапуваат во ВМФЛ.

Се вчитува...