Најдобриот тенисер во светот нема милост: Ѓоковиќ е во четвртфиналето на Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на Вимблдон! Најдобриот тенисер на светот во осминафиналето рутински го победи чилеанецот Кристијан Гарин со 6-2, 6-4, 6-2.

Српскиот тенисер ќе го одигра четвртфиналето на турнирот во клубот „Ол Англија“ по 12-ти пат во својата кариера, јубилеен 50-ти пат на Гранд слам турнирите.

Во борбата за полуфинале, актуелниот шампион ќе игра против победникот од дуелот Рублев – Фуковиќ.

 

 

Се вчитува...