Најдобрите голгетери во ВМФЛ: Емини, Станковски, Адеми и дуото од Пелистер

Се спушти завесата во сезоната 2023/2024 во Втората фудбалска лига на Македонија. По завршувањето на сезоната познати се и најдобрите стрелци годинава.

„Златна копачка“ на ВМФЛ Изаир Емини од Беса кој со 14 гола во неговата проштална сезона ја одведе Беса до своето деби учество во елитата.

Второто место му припадна на Марио Станковски од Тетекс кој и покрај 13 постигнати гола, не можеше сам да му донесе опстанок на Тетекс кој следната година ќе игра во Третата фудбалска лига на Македонија.

Фитон Адеми со 12 гола е на делба на третата позиција кој само една полусезона беше дел од Беса, пред да премине во Шкендија, а заедно со него исто така со по 12 гола е дуото на Пелистер Симеон Христов и Бојан Спирковски. По десет гола и на делба на шестата позиција се уште еден играч на Пелистер, Благоја Љамчевски, како и Сашо Дуков од Каменица Саса.

Се вчитува...