Младиот стратег на Ред Бул Лајпциг Јулијан Нагелсман е хит во Европа по одличните резултати со клубот во германското првенство и Лигата на шампионите. Ова се десетте работи што фудбалската јавност не ги знае за младиот стратег, кој важи за „фудбалски револуционер“ и наследник на Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Жозе Мурињо…
1. Тактиката ја смислува во тоалет
„Најдобрите идеи ги добивам во тоалет. Потоа се цртам за ленир и молив“, изјави Нагелсман.
2. Најмлад тренер во историјата на Бундеслигата
Нагелсман имаше 28 година кога во 2016 година во февруари го презеде Хофенхајм.
3. Повредата на коленото поради која прерано му заврши фудбалската кариера
По неговото приклучување во Аузбург на 20 години заработи тешка повреда на коленото поради која мораше прерано да ја заврши кариерата.
4. Тренинг иноватор
Нагелсман на тренинзите користи технологија. Со дронови ги снима тренинзите, а користи и посебна апликација за контрола на топката.
5. Добри примери
Нагелсман го наведува менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола како негов извор на инспирација, а кога беше дел од Б тимот на Аузбург, Томас Тухел му даде задача да ги скаутира противничките противници.
6. Апстиненција на социјални мрежи
За разлика од поголемиот дел од неговите врсници, Нагелсман не ги користи социјалните мрежи.
7. Мислител
Нагелсман е пред се човек кој е многу интелигентен. Има запишано бизнис школа, но откако стекнал диплома на високата спортска школа одлучил да се откаже.
8. Семеен човек
Малото слободно време кое го има го искористува на секој можен начин да го помине со своето семејство.
9. Табелата на Нагелсман
Бидејќи многу млад презема клуб во Бундеслигата, аналитичарите во Германија почнаа да ги споредуваат резултатите на другите тимови со работата на Нагелсман, правејќи табела која што ја крстија по него.
10. Иницијативата „Common Goal“
Тој стана првиот тренер кој ја потпиша иницијативата „Common goal“. Тоа е проект во кој фудбалерите вложуваат најмалку еден отсто од својата заработка во колективен фонд со кој управува берлинска невладина организација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА