Најдобрите ’издржаа’, МКФ ги награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Позади секој добар поединец стои добар тим. Тоа беа зборовите со кои Ѓорѓи Кочов ја зема наградата за најдобар тренер во машка младинска екипа. Кочов минатата година ја доби довербата на раководството на Вардар за да предводи еден тим кој се натпреварува во сениорска конкуренција.

Зборовите беа поздравени од сите присутни на вечерашната церемонија по повод доделување на признанија за најдобри поединци и екипи во Македонија за изминатата 2016 година.

Перо Антиќ собра ново признание за најдобар интернационалец, а Александар Костоски за најдобар кошаркар кој настапува во тим од домашното првенство. Иднината на македонската кошарка доби признание во името на Ненад Димитријевиќ, а кај дамите признанието замина кај Матеа Николиќ.

Александар Јончевски кој минатата сезона ја освои двојната круна со МЗТ Скопје доби признание за најдобар тренер на тим во сениорска конкуренција иако повеќе не е на кормилото на клубот од Аеродром.

„Сакам да му се заблагодарам на МЗТ Скопје што ’издржа’ со мене бидејќи во просек тренерите ги менуваат на секои три и пол месеци“ – низ смеа кажа Јончевски при примање на наградата.

[new_royalslider id=”487″]

Се вчитува...