Најдобрите македонски атлетичари ќе бидат дел од „Охрид ТрчаТ 2018“… Ноќна трка на 19. мај! (ВИДЕО)

Најдобрите македонски атлетичари и оваа година повторно ќе бидат дел од атлетската манифестација „Охрид ТрчаТ 2018“, која ќе се одржи на 3. јуни во нашиот најголем туристички центар.

Организаторите на манифестацијата, која на вистински начин повеќе од убедливо го зафаќа домашниот спортски простор, оваа година на интересен начин се одлучија да го промовираат настанот преку иновативната видео кампања. Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски е првиот кој повикува на учество на „Охрид ТрчаТ 2018“ откако и самиот минатата година година почувствува спектаклот наречен и „Атлетски викенд во Охрид“.

Ивановски, сопственик на четири македонски атлетски рекорди, е и минатогодишен победник на трката на 10 километри истрчувајќи ја со време од 34 минути и 9 секунди, со што со златни букви го запиша своето име во историјата на овој спортски настан, кој веќе се издвојува како број еден на охридското крајбрежје!

Во меѓувреме, организаторите на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ го промовираа и „Night light run“ настанот, Ноќната забавна трка која ќе се одржи на 19. мај во сабота со почеток во 21 часот.

Популарната ноќна трка која ќе се одвива од каналот Студенчишта до Градското пристаниште ќе биде отворена за секој љубител на трчањето и спортот. На финишот, организаторите ќе се погрижат за добра забава и дружење со музика во живо и други пропратни работи.

Главниот настан на „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 3 јуни со 5 и 10 километарска и тим-билдинг трката, а викендите кои доаѓаат ќе бидат исполните со содржини од светски размери.

Сите заинтересирани учесници пријавувањето на Атлетскиот викенд „Охрид ТрчаТ 2018“ можат да го извршат на официјалната интернет страница www.ohridtrcat.mk, а деталните информации можете да добиете на мејлот: ohridtrcat@gmail.com.

Се вчитува...