„Најдобро е Меси веќе на лето да го напушти ПСЖ“

Лео Меси изминатото лето пристина на „Паркот на Принцовите“ како огромно засилување, воедно и последното парче од сложувалката за доминација на ПСЖ во Европа, но не само што не успеа да се наметне во играта покрај Нејмар и Мбапе, францускиот клуб беше елиминиран и од трката за „ушкото“ уште во осминафиналето од страна на Реал Мадрид.

Аргентинскиот ас со ПСЖ има договор на две години, меѓутоа поранешниот репрезентативец на Франција, Жером Ротен, кој сега ја врши улогата на аналитичар, вели дека најдобро за сите е Меси да замине од ПСЖ веќе ова лето.

„Љубовната приказна на Меси и ПСЖ никогаш не заживеа. Најдобро е Меси веќе на лето да го напушти ПСЖ“, изјави Ротен во својата емисија на Радио Монте Карло.

Заминувањето на Меси од Барселона се темелеше на финансиски проблеми, а сега кога истите се надминати се отвара можност Аргентинецот да се врати онаму каде што припаѓа.

Се вчитува...