Најдоброто од мак-баскетот: ЕКИПА избор на најдобар тренер и млад кошаркар (ФОТО)

Регуларниот дел од Првата кошаркарска лига ни донесе 132 возбудливи натпревари во кои беа забележани и изненадувачки резултати, тримфи со повеќе од 50 поени, триумфи и по неколку продолженија, а во пресрет на возбудувањата кои следат во Суперлигата и плеј-аутот, ЕКИПА направи избор на најдобрите пет домашни и странски кошаркари, но и најдобриот тренер и млади играч кои ги одбележаа овие мечеви.

Најдобриот тренер на регуларниот дел од сезоната е Марјан Илиевски, предводникот на Пелистер кој втора сезона по ред го води битолскиот состав до врвот на табелата. „Зелено-белите“ регуларниот дел од сезоната го завршија со скор од 20 победи и само 2 порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Најдобриот млад играч на регуларниот дел од сезоната е Андреј Митревски, кошаркарот на Феникс 2010 кој прераснува во вистински лидер. До повредата 18-годишникот бележеше просек од 13.7 поени, 3.9 скока и 2.1 асистенција со што доби и повик во А-репрезентацијата, а со враќањето на паркетот за Суперлигата се очекува да го продолжи одиличниот настап.

Се вчитува...