Најдоброто од мак-баскетот за 2018 (фотогалерија)

Манифестацијата за „Најдоброто во мак-баскетот за 2018 година“ мина во отсуство на главните лауреати, Војдан Стојановски и Бојан Трајковски како заеднички добитници на признанието за најдобар кошаркар, како и на најдобрата кошаркарка Анжелика Митрашиновиќ.

Работнички беше тимот што доминираше на машката кошаркарска сцена, со избор за најдобар клуб, најдобар клуб во младински категории, но и собирајќи ги индивидуалните награди за тренер на годината (Марин Докузовски) и за најдобар млад играч (Виктор Ефремовски).

Се вчитува...