Најдоброто од Македонија: Алушовски пред Манасков, Шундовски пред Раул и Червар

Данскиот ракометар Расмус Бојсен продолжува да ја користи паузата во натпреварувањето за објавување на своите идеални состави на сите времиња, на клупски и на репрезентативен план. Тој денеска го објави својот дрим-тим од редовите на македонската репрезентација, избран од сите оние кои го носеа црвено-жолтиот дрес, од 2000 година па се до ден денеска.

Очекувано, најдобар десен бек е Кире Лазаров, крај кого бековската линија ја комплетираат Мојсовски и Миркуловски. За најдобро лево крило е избран актуелниот тренер на Вардар, Стевче Алушовски, кој според Бојсен има предност пред Дејан Манасков, а во идеалниот тим на „црвено-жолтите“ има место и за Борко Ристовски, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов и за Ацо Јоноски како најдобар дефанзивец.

За селектор на овој идеален тим на „црвено-жолтите“ е избран Звонко Шундовски, под чие водство Македонија го оствари најголемиот успех на големите натпреварување – петтото место на ЕП 2012 во Србија.

Се вчитува...