Данскиот ракометар Расмус Бојсен продолжува да го користи слободното време за објавување на „дрим-тимови“ од екипите што оставија трага во ракометна Европа во последните дваесетина години.
Така, Бојсен денеска го објави и идеалниот тим на Металург, клуб што со мал буџет под водство на Лино Червар неколку години по ред стигнуваше до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
На голот се наоѓа Дарко Станиќ, кој најдобрите партии во кариерата ги имаше токму чувајќи ја мрежата на „металурзите“, а крилните позиции се резервирани за македонските репрезентативци Дејан Манасков и Гоце Георгиевски. Екс-репрезентативците Миркуловски и Мојсовски се на бековските позиции заедно со Ренато Вугринец, за најдобар пивот е избран Младен Ракчевиќ, а за најдобар дефанзивец – Ацо Јоноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА