Најдоброто од Сара Ристовска во ЛШ (видео)

Сара Ристовска е една од најзаслужните за пласманот на ЦСКА Москва на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионките во ракомет, откако македонската репрезентативка блескаше на клучните натпревари на рускиот тим во елитното европско натпреварување.

Ристовска воедно е кандидатка и за „дрим-тимот“ на сезоната во Лигата на Шампионите, а ЕХФ ја претстави номинацијата на Македонката со компилација од нејзините најдобри потези во ЛШ.

Погледнете го ова видео со беспрекорни реализации на македонската репрезентативка…

Се вчитува...