Најдоброто во СЕХА лигата за месец ноември (ВИДЕО)

Бекот на Вардар, Јања Војводиќ е дел од тимот на месецот во региоалната СЕХА лига. Покрај Војводиќ, идеалната седморка за изминатиот месец во СЕХА ја комплетираат уште Тудор Станеску, Ведран Делиќ, Халил Јагањац, Бруно Буторац, Томас Цип и Мартин Јохансон. Тренер на месецот е Хрватот Славко Голужа на клупата на Татран Прешов.

Во изборот на најатрактивните голови и одбрани во ноемвриските натпревари во СЕХА се најдоа тројца ракометари од македоските клубови.

Меѓу одбраните се голот на Алаксандар Шпенде за Металург во дуелот со Војводина и голот на Грегор Оцвирк во победата на Вардар против Извиѓач.

Една од најдобрите одбрани во ноември му припаѓа на голманот на Вардар, Дејан Милосављев, забележана исто така на дуелот со извиѓач.

Се вчитува...