Најдоски во друштво на Џајиќ, Савичевиќ, Михајловиќ, Белодедиќ, Терзиќ…го прослави ремито против Наполи

Црвена Звезда не се предаде против Наполи на првиот меч во Лигата на шампионите по цели 26 години, ремизираше без голови, а почесни гости на стадионот „Рајко Митиќ“ беа членовите на легендарната генерација на „црвено-белите“ меѓу кои и македонската фудбалска ведета Илија Најдоски. Во друштво на Драган Џајиќ, Звездан Терзиќ, Дејан Савичевиќ, Синиша Михајловиќ, Миодраг Белодедиќ, Драгиша Биниќ, и уште неколкумина фудбалери од ѕвездената генерација, „Илија Делија“ со виски наздрави за првиот бод на „црвено-белите“ во ЛШ по две и пол децении.

Дарко Панчев не се појави во Белград и не присуствуваше на натпреварот меѓу Црвена Звезда и Наполи.

Се вчитува...