Најдовски стрелец во победата на Тирана на дербито во албанскиот шампионат

Македонскиот интернационалец Филип Најдовски беше стрелец во убедливата победа на Тирана од 4-1 против Лачи во дербито меѓу двете водечки екипи од 22. коло во шампионатот на Албанија.

Поранешниот фудбалер на Вардар погоди во 20. минута од средбата за водство од 2-0 во тие моменти на Тирана.

Стрелец на третиот гол за Тирана беше и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Таулант Сефери.

Во дресот на Тирана настапија и поранешните македонски репрезентативци Тошевски и Тотре, а на спротивната страна во редовите на Лачи беа Велија и Виктор Велковски.

Се вчитува...