Најдовски: Триумфот на Победа над Шкендија, доволна опомена за Вардар

Фудбалерите на Вардар се искачија на првото место на табелата по последниот триумф над Силекс, но за задржување на врвот неопходно е победничката серија да продолжи и на утрешниот дуел со Победа. Прилепчани се домаќини, но дуелот ќе го играат на неутрален терен на стадионот во Штип, што само уште повеќе ги зголемува шансите на Вардар за успех и освојување на трите бода против незгодниот ривал.

Утрешниот натпревар ќе биде од особено значење за Филип Најдевски, сегашниот играч на Вардар кој што во минатото беше дел од утрешниот противник. Тој испрати порака дека Победа е тим што не смее да се потцени, особено откако во минатото коло среде Тетово го зеде скалпот на шампионот Шкендија.

Минав убави две години во Победа, меѓутоа во овој момент би дал сè за триумф на Вардар и за останување на првото место на табелата. Сега сум дел од Вардар и ќе се трудам мојот тим да ги земе трите бода на утрешниот натпревар. Тоа што ја победија Шкендија минатото коло и тоа на нејзин терен во Тетово, треба да ни биде сериозна опомена дека не треба никако да ги потцениме. Има сериозна екипа која може во секој момент да победи секого, меѓутоа за нас приоритет се трите бода и ќе дадеме максимум да ги освоиме. Убаво е тоа што сме лидери, меѓутоа првенството е уште на почетокот и има уште многу натпревари. Како што кажа и нашиот тренер Васоски пред неколку дена, дека не треба да мислиме на минатото, туку само кон идните натпревари. Одиме натпревар по натпревар. На секој меч мора да дадеме максимум, да освојуваме бодови, и најважно ќе биде да останеме таму што подолго. Затоа и на утрешниот меч, како и на секој натпревар во иднина ќе одиме на бодови“, вели Најдовски за официјалната веб-страница на Вардар.

Се вчитува...