Најемотивниот момент по финалето…, Дел Потро: Новак ми е идол, и вистински брат!

За огромното пријателство кое владее меѓу Новак Ѓоковиќ и Мартин Дел Потро сведочеше и нивниот заеднички момент по големото финале на УС Опен.

Ѓоковиќ го освои Њујорк, а во еден момент по мечот Дел Потро осамен во солзи на страна се најде сам во затемнетата арена. Но, му пристапи српскиот тенисер со зборови утеха…

По мечот и Дел Потро не штедеше зборови да каже што мисли за својот голем пријател Новак Ѓоковиќ.

„Не ми е лесно да зборувам сега, но многу сум среќен што добив можност да го играм ова финале против својот идол и голем пријател кој е мој вистински брат. Тој знае дека ми е еден од омилените тенисер и дека сакам да гледам како освојува големи трофеи. Му честитам од срце на Новак и на целиот негов тим“ – рече Дел Потро на церемонијата на доделување на трофеите во Њујорк.

Се вчитува...