Најголем „кам-бек“ во историјата на ракометот – Губеа 4 разлика на 90 секунди пред крај, па победија (ВИДЕО)

На Европското првенство 2010 во Виена, на мечот меѓу Австрија и Исланд се случи еден од најголемите резултатски враќања. На една минута пред крајот Исланд постигна гол за водство од три разлика (37-34). Но и тоа не беше доволно за победа, па Австрија до крајот успеа да даде три гола и да освои голем бод.

Меѓутоа уште поневеројатна приказна доаѓа од Полска, односно анулирање на четири гола предност на минута и пол до крај и на крајот дури и за победа. Играа тимовите на Квидзин и Тарнов. Гостите имаа плус четири во 58-20. Точно на истекот на 90 секунди, домашните намалија на минус три, потоа стигнаа и до минус два, па до минус еден од нова контра, а на секунда до крајот врвот. Нова украдена топка, и седмерец. Погодија домашните за 28-28.

Но, тоа не беше се. Со оглед дека во Полска нема нерешени натпревари, се шутираа пенали, а таму триумф на домашните од 33-31. Каков меч.

Се вчитува...