Најголем на сите времиња – Новак се запиша во историјата, кралот на тенисот!

Од денес, Новак Ѓоковиќ официјално ја постигна една од двете најголеми цели во кариерата и стана историски број еден, Ноле е тенисерот со најмногу недели поминати на врвот на АТП-листата. Сега, Ѓоковиќ ја започнува 311. недела, додека Роџер Федерер останува на 310. Зад нив се наоѓаат Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268 недели.

Веќе е познато дека Новак ќе биде на првото место најмалку 317 недели, значи нешто повеќе од шест цели години, а веројатно ќе се задржи и подолго. Србинот за првпат дојде на тенискиот трон на 4 јули 2011 година и на најдобар можен начин – го обезбеди првото место совладувајќи го Жо-Вилфред Цонга во полуфиналето на Вимблдон, а потоа беше подобар од Рафаел Надал во финалниот натпревар.

„Сè е важно помеѓу најдобрите тројца во светот на тенисот, секоја минута и секоја секунда. Мислам, 311 недела е навистина фасцинантно, а верувам дека овие недели ќе бидат и повеќе. Новак освои сè што можеше да се освои, а крајот на неговата кариера не е ни на повидок. Дебатата за најголемиот на сите времиња главно се однесува на вкусот, но ако бројките се на ваша страна, некои работи потешко може да се одречат … За мене, Новак е најдобриот и најкомплетниот тенисер во историјата, за некој друг тоа е Надал или Федерер“, изјави тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ.

Следна најголема цел во кариерата на Новак се Грен слам титулите, тој во моментов има 18 години, а Федерер и Надал имаат по 20.

„Апсолутно не ми претставува проблем да го кажам тоа. Кој е на врвот на тенисот и не го каже тоа, не верувам дека е целосно искрен. Тоа е мојата професионална мотивација. Професионален спортист треба да има цели, да се стреми кон нешто, потребна е ментална стабилност за да се постават дневни, краткорочни и долгорочни цели. Сакам да освојам што поголем број Грем сламови и најдолго да останам на АТП-листата и да бидам број еден во историјата на тенисот“, рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...