НАЈГОЛЕМАТА ЖЕЛБА ЗА 2022 НЕКА БИДЕ ЧЕСТИТКА ЗА НОВАТА ГОДИНА: „Драг Боби, однесете не на Мундијал!“

Македонскиот репрезентативен фудбал ја остава зад себе најуспешната година во својата историја! Но, во моментите на сумирање на впечатоците за се што минало, и заокружување на желбите за се што не очекува, без сомнение јасно е дека интенцијата е и во иднина да се продолжи со континуираните успеси.

Нема сомнеж дека најголемата спортска желба на секој македонски граѓанин за 2022 година е да ја види Македонија, за првпат во историјата, на Светското првенство во Катар. Не е никаква тајна дека националниот тим ќе има повеќе од тешка задача во баражот против европскиот шампион Италија во март, но не е и никаква тајна дека Боби Милевски и неговите избраници секогаш носат во себе адут кој може да ја израдува Македонија…

„Драг Боби…, во Новата 2022 година сакаме заедно со Столе, Елиф, Стефан, Енис, Висар, Дарко, Алекс, Џани, Тихо, Бојан, Ѓоко, Бобан… и со сите други да ја однесете Македонија на Мундијалот во Катар!“ – е без сомнение желбата на целокупната македонска јавност, што се однесува на спортски план.

СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ЕКИПА!

Се вчитува...