Најголемиот ‘грабеж’ во историјата на боксот: Усик едвај го победи дебитантот по срамниот хаос во 11 рунда (ВИДЕО)

Александр Усик едвај ја одбрани својата титула во тешка категорија откако постигна исклучително контроверзна победа во 11-та рунда со прекин против дебитантот Рик Верховен.

Холанѓанецот, за кого ова беше само втора професионална боксерска борба, беше поагресивен во поголемиот дел од натпреварот и пружи изненадувачки силен отпор, а во моментот пред прекинот беше во предност.

Во неочекувано напнат дуел, украинскиот боксер го засили темпото во 11-та рунда и го испрати Холанѓанецот на подот со моќен лев аперкат. Верховен стана пред да заврши броењето, но судијата одлучи да ја прекине борбата по серијата удари на Усик во последните секунди од рундата. Многумина веруваат дека оваа одлука била премногу строга кон предизвикувачот.

Резултатот во моментот пред прекинот беше 95-95, 95-95 и 96-94 во корист на Верховен.

„Ова беше тешка борба. Добра борба“, рече Усик кратко по натпреварот.

Од друга страна, Верховен ја нарече одлуката срамна и побара реванш, додавајќи дека одлуката е на Усик.

„Сакав судијата да ми дозволи да се борам до крај или барем да ја видам 12-тата рунда. Чувствував дека бевме прилично изедначени“, рече Верховен.

Како и да е, боксерскиот свет сега единствено зборува за „една од најголемите кражби во историјата на спортот“ откако на Рико Верховен му беше одземена историска победа над еден од најголемите боксери на денешницата, Александр Усик.

Усик влезе во мечот како сопственик на појасите на ВБЦ, ВБА и ИБФ и апсолутен фаворит против холандскиот кикбоксер. Сепак, Верховен му пружи неочекувано жесток отпор. Повеќето аналитичари и публиката го сметаа Холанѓанецот во значителна предност според прекинот.

„Што правиш, судија?“

А, одлуката за стопирање на мечот предизвика лавина од лути реакции.

„Што правиш, судија? Па што правиш? Се шегуваш?“ извика американскиот коментатор Тод Гришам. „Ова е борба за светската титула во тешка категорија. Неверојатно!“

Се вчитува...