Најголемиот губитник во историјата на фудбалот има нов тим

Хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ го напушта Атлетико Мадрид и се сели во италијанската Серија А. Иако се најавуваше дека ќе го облече дресот на Торини, хрватскиот интернационалец сепак ќе потпише за Верона.

Калиниќ по две години го напушта Атлетико Мадрид. Минатата сезона беше испратен на позајмица во Рома, а одлично го познава италијанскиот фудбал бидејќи беше дел од Милан и Фиорентина во која ги прикажа најдобрите настапи во кариерата, со кои заслужи да биде дел од репрезентациајта на Хрватска на Светското првенство 2018, но по првото коло веднаш беше отстранет поради лошиот однос со селекторот Далиќ и соиграчите.

Се вчитува...