Најголемиот критичар на Ѓоковиќ сега со огромни пофалби: „Или е дрогиран, или е хакиран…“

Американскиот новинар и најголем критичар на Новак Ѓоковиќ, Бен Ротенберг неочекувано драстично „смени плоча“ кога е во прашање најдобриот светски тенисер, по неговите последни настапи деновиве на АТП Мастерсот во Париз.

Ротенберг не штеди зборови пофалби сега за Ѓоковиќ…

„Навистина мислам дека луѓето не знаат да ценат колку Ѓоковиќ е постар од остатокот од АТП светот. Тој има 36 години. Никој друг во ТОП 16 не е постар од 27 години. А, сепак тој и натаму е недопирлив број 1. Навистина импресивно“ – пишува Ротенберг, иако веќе во следниот пасус се обиде да пронајде објаснување за тоа.

„Се поставува прашањето колку е добра таа генерација тенисери родени во периодот од 1988 до 1995 година. Дали се историски толку лоши па дозволија доминацијата на големата четворка да трае толку долго?“.

Сите овие пофалби кон Ѓоковиќ беа изненадувачки и за неговите следбеници кои се јавија со интересни коментари на неговата објава.

„Бен е на некакви дрого. Или некој го хакирал неговиот профил?…“, „Бен, дали се чувствуваш добро?“, “Бен, ако си киднапиран трепни трипати…“ – се дел од коментарите под неговата објава.

Се вчитува...