Најголемиот спортски настан во историјата на Македонија: Пред три години Реал и Јунајтед играа за Суперкупот на УЕФА во Скопје (ВИДЕО)

8 август 2017 година. Скопје беше центарот на светот кога е фудбалот и светскиот спорт во прашање. Планетата беше фокусирана кон македонската престолнина, а на арената „Филип Втори“ гости беа европските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, во битка за трофејот во Суперкупот на УЕФА. Скопје го почувствува шармот на европскиот фудбалски крем, во нашиот главен град пристигнаа илјадници фанови од целиот свет за да бидат дел од спектаклот.

Пред почетокот на мечот, свечено дефиле и сплет на македонски ора, додека фудбалерите на двата тима го очекуваа почетокот на мечот. Македонија беше почестена да биде домаќин на врвна светска спортска манифестација.

Реал Мадрид го освои Суперкупот, го победи Манчестер Јунајтед со 2-1, со головите на Кашемиро и на Иско. Стрелец за англискиот тим беше Ромелу Лукаку.

Се вчитува...