Најголемото понижување во кариерата на Лео Меси

Лионел Меси повеќе од една деценија важеше за фудбалски Бог по бројните трофеи освоени со Барселона, Аргентинецот се надеваше дека тоа ќе продолжи и по мегатрансферот во ПСЖ, но се случи сосема спротивното.

Меси во дресот на „светците“ е само бледа копија од велемајсторот што растураше како член на Барселона, остана во целосна сенка на извонредниот Килијан Мбапе, па често добиваше и свирежи од трибините, и тоа од навивачите на ПСЖ.

Сепак, најголемото понижување во кариерата Аргентинецот го доживеа денеска, откако неговото име беше сместено меѓу четирите главни кандидати за „најголемо трансфер-промашување во фудбалска Франција“, заедно со Вајналдум од ПСЖ и со Шаќири и Боатенг од Лион.

Почетокот на гласањето е поразителен за Меси, кој има добиено повеќе гласови од сите останати заедно, како јасна порака дека од најплатениот фудбалер на светот се очекуваат и далеку подобри партии од оние што тој ги прикажуваше сезонава.

Се вчитува...