Најлошиот ден во животот на Сон, не можеше да ги задржи солзите пред камерата, па одби и да се поздрави со Мурињо (ВИДЕО)

Сон Хеунг-мин беше во центарот на вниманието во поразот на Тотенхем од Манчестер Јунајтед со 1-3. Сон го постигна водечкиот погодок за домашната екипа, но пред тоа предизвика голем гнев кај навивачите поради симулацијата по дуелот со Скот Мектоминај, па погодокот на Единсон Кавани беше поништен.

Сон го постигна водечкиот погодок за домашниот тим, но пред тоа предизвика голем гнев кај навивачите поради симулацијата по дуелот со Скот Мектоминај, па голот на Единсон Кавани беше поништен.

Одличниот офанзивен играч од Јужна Кореја за малку ќе заплакаше на крајот од мечот кога даде изјава за големото разочарување на тимот од Лондон.

Во еден момент тој остана без зборови, повторувајќи дека не знае што да каже и постојано се извинуваше за слабиот учинок на целиот тим.

 

 

Сепак, тоа не беше сè. Пеколот следеше дури по натпреварот, бидејќи Сон претрпе жестоки навреди на расна основа преку социјалните мрежи. Сон е познат како еден од најдисциплинираните и најмирните играчи во светот на фудбалот и сето ова за него беше многу тешко.

Во меѓувреме се појави видео во кое Сон наводно одбива да се поздрави со Жозе Мурињо и го игнорираше португалскиот стручњак, што дополнително ја искомплицира ситуацијата.

 

Се вчитува...