Најлошиот Олстар-натпревар во забивање во историјата на НБА (ВИДЕО)

Анферни Симонс е победник во натпреварот во забивање на НБА Олстар собирот.

Бекот на Портланд го победи рукито на Њујорк никс, Оби Топин и бекот на Индијана, Стенли. Но, поголемиот дел од гледачите беа разочарани од тоа што го видоа. Тројката имаше само едвај вкупно две до три солидни забивања, и ниту едно спектакуларно.

Симонс, кој е прв кошаркар на Портланд кој победи на натпревар во забивање, се обиде и да го бакне обрачот при едно забивање, но не успеа. Мадридска „Марка“ го оцени натпреварот како најлошиот во историјата на НБА.

Многумина на социјалните мрежи го критикуваа изборот на играчи за ова натпреварување, а легендарниот Меџик Џонсон напиша дека тоа и не било нешто посебно за гледање.

Се вчитува...