Најлудата глава во НБА: Верува дека Земјата е рамна, знае и кој го убил Кенеди…

Кајри Ирвинг е се’, само не обичен кошаркар. Верува во различни работи, некои од нив се доста бизарни, некои суеверија кои ги практикува се со „докажан ефект“, а таков е и најновиот обичај на плејмејкерот на Бруклин, кој е во знакот на американските староседелци. Имено, на претсезонскиот натпревар против Бостон, Ирвинг се одлучи да ја „прочисти енергијата“ во салата на Бруклин, а најави дека истото ќе го прави и во останатиот дел од сезоната.

„Овој обичај доаѓа од многу американски староседелци, само да се прочисти енергијата. Сакав да го направам како сите би биле избалансирани“ – изјави Ирвинг откако за прв пат оваа сезона се појави пред новинарите.

 

Ирвинг не е првиот кој го применува овој обичај. Истиот го користел и Фил Џексон, кој ги терал и играчите на Чикаго да медитираат. Оттука произлегува и првата вистинска врска со проблематичниот Денис Родман, со кого легендарниот тренер има освоено три титули.

Ирвинг на почетокот на сезоната одлучи да не говори за медиумите па плати казна од 25 илјади долари, цена која треба да ја „искреширате“ доколку сакате да останете „неми“ во најдобрата кошаркарска лига во светот. Интересно, само неколку дена претходно Ирвинг говореше на сосема поинаква тема, тврдејќи дека земјата е рамна, а не тркалезна.

„Мислите дека Земјата е округла? Тоа дури и не е теорија на завера. Земјата е рамна. Сето тоа ни стои пред носот. Ви велам, тие не лажат, па и мене на училиште ме учеа дека Земјата е тркалезна“ – изјави шесткратниот Олстар играч во 2017 година, кој потоа додаде…

„Доколку размислите за пејсажите низ кои поминуваме кога патуваме, начинот на кој се движиме, дали навистина мислите дека се вратиме околку Сонцето и останатите планети? Не постојат конкретни информации освен оние кои тие ни ги даваат. Точно одредуваат во што Вие ќе верувате, а во што нема. Вистината е тука, само треба да ја побарате“.

Верувањата на Ирвинг не ги прифатија неговите соиграчи, како и комесарот на НБА лигата, но ја искористија приликата да ја „смират топката“.

„Кајри е мојот мал брат, доколку одлучил дека Земјата е рамна, тоа е во ред“ – изјави Леброн Џејмс.

„Кајри и јас учевме на ист колеџ, но можеби тој присуствувал на други часови“ – објасни Адам Силвер.

Цела година му беше потребна на Кајри да ги надонести лекциите кои ги има пропуштено, доволно време да се запознае со некои закони на физиката и да сфати дека овој свет нема раб од кој можете да скокнете во вселената…

„Бев под влијание на теорија на заговор. Сите веруваа во нешто и мислеа „вау што се случува со нашиот свет“. Некогаш сте невини и наивни, но сфаќате какво е влијанието на некои зборови. Јас сум паметен човек само тогаш не бев свесен за ефектот на теорија на заговор. Се извинувам на моите професори и наставници“ – изјави Ирвинг подоцна.

Ирвинг учи од своите грешки, но се уште не може да сфати какво е влијанието на светски познатите личности кон јавноста, а не се откажа од тоа прв да го крене гласот, без разлика дали станува збор за расизам, некој облик на неправда или завера. Таква е и ситуацијата за наводно убиство на Централната информативна агенција (ЦИА) над Боб Марли, реге пејачот од Јамајка.

„Се обиде да ги соедини луѓето и фактот дека тој е самиот изграден од љубов и вистина, а ние ги убиваме луѓето кои прават такви работи“ – изјави Ирвинг за „Јаху“.

Покрај Боб Марли, освојувачот на прстенот во 2016 година е скептичен и за атентатот над Џон Кенеди. Како што вели 28-годишникот, зад тоа стојат Федералните резерви, односно системот на банкарство во САД, кој се состои од 12 дистрикта, а истото е направено со цел да не се уништи „банкарскиот картел во светот“.

Можеби сите не се сложуваат со теориите на Ирвинг, меѓутоа постои едногласност во поглед на тоа за каков кошаркар станува збор…

Се вчитува...