Луга приказна поврзана со мундијалот доаѓа од „островот“ откако семејството пред десетина дена го прогласи за исчезнат англискиот навивач Мајкл Хјуит, кој од Барселона требало да полета за САД и да го бодри „гордиот албион“ на мундијалот. Приказната за среќа заврши со хепиенд, откако тој беше пронајден жив и здрав, но не во САД каде дури и Интерпол се вклучи во потрагата по него, туку во Барселона.
Имено, Мајкл воопшто не полетал од каталонската престолнина за Бостон, најпрвин го пропуштил авионот, по што не нашол билет за следниот лет и решил да остане во Барселона. За проблемите да се зголемат, тој го загубил и мобилниот телефон, па не знаел ниту еден број од контакт-листата, а бидејќи имал пари со себе, решил да ужива во шпанската метропола, гледајќи фудбал по пабовите во Барселона.
Неговиот брат Гери го пријавил случајот во полиција, последната фотографија на Мајкл беше од 21 јуни од бар во Барселона, по што сите стравуваа дека нешто му се случило по заминувањето за САД.
„Воопшто не размислувал да отиде во амбасада, немал ни што да пријави. Го имал со себе пасошот, имал пари, и решил само да ужива“, истакна братот Гери.
Во меѓувреме, Интерпол стапил во контакт со американските власти, била почната потрага, но од 65-годишниот Англичанец немало ни трага ни глас.
Конечно, Мајкл се појавил на „радарот“ откако ја потрошил готовината што ја имал со себе, па ја искористил кредитната картичка. Властите веднаш алармирале, тој бил пронајден жив и здрав, по што стапил во контакт со семејството.
„Се молевме за ситуација се да биде само огромна случајност и Марк да ни се врати жив и здрав. Немаме објаснување, но за среќа желбата ни се исполни“, задоволен е Гери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
